ВИДЕО: Ибрахимовиќ може и од клупата, Милан го доби дербито против Лацио

1 min read

Видовме фудбалска лекција на стадионот „Сан Сиро“ во третото коло од италијанското првенство. Милан славеше со 2:0 против Лацио и така се проби на првото место на табелата.

Римскиот клуб овој натпревар го одиграа без речиси никаква шанса, додека „росонерите“ можеа на крајот да слават и поубедливо.

Домаќините го контролираа мечот од самиот почеток, но предноста дојде дури во 45 минута кога Леао убаво повлече една полуконтра, одигра двојно додавање со Ребиќ, а потоа рутински ја погоди мрежата со удар од шеснаесетникот.

Милан можеше да стигне до 2:0 во судиското надополнување од првото полувреме, но Кеси ја погоди пречката од пенал.

Предноста беше зголемена во 67 минута, Златан Ибрахимовиќ влезе во игра седум минути порано и уште еднаш покажа дека годините се само бројка. Најзаслужен за голот е Анте Ребиќ, кој запиша уште една асистенција, а на Швеѓанецт не му беше тешко да ја погоди небранетата мрежа.

Екипата на Стефано Пиоли ќе се соочи со тешки предизвици во наредните денови, прво судир со Ливерпул во среда во Лигата на шампионите, а потоа и натпревар во Торино против Јувентус за седум дена.

„Гранде“ Пандев третопласиран по бројот на настапи во италијанската Серија А

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Министерот за надворешни работи на Катар во посета на Авганистан

Следно

„Абер дојде Донке” за 30 години независност – Заев објави емотивно видео со историски настани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian