Реал Мадрид славеше против Селта Виго во четвртото коло од најсилното шпанско првенство со убедлив резултат 5:2 на стадионот „Сантјаго Бернабеу“.
Гостите кои водеа по првото полувреме со 1:2 дојдоа во предност уште од четвртата минута со погодокот на Мина.
Израмни Бензема во 24 минута, а Французинот имаше уште една фантастична партија во дресот на „кралевите“.
Серви во 31 минута се погрижи за враќање на предноста на Селта, но тоа како да го налути составот на Анчелоти да направи целосен пресврт во вториот дел.
Веќе во 46 минута ново израмнување на мечот донесе Бензема, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Винисиус Јуниор и Камавинга, а својот хет-трик Бензема го комплетираше од пенал во 87 минута.
Во другите денешни средби славеа гостите: Еспањол – Атлетико Мадрид (1:2), Осасуна – Валенсија (1:4) и Кадиз – Реал Сосиедад (0:2).
Табела: Реал Мадрид 10 бодови, Валенсија 10, Атлетико Мадрид 10, Реал Сосиедад 9, Атлетик Билбао 8, Севиља 7, Барселона 7…