ВИДЕО: Борбата на легендарниот Холифилд прекината уште во првата рунда

1 min read

Поранешниот шампион во тешка категорија во бокс Ивандер Холифилд беше поразен синоќа од Витор Белфорт во егзибицискиот меч во Флорида. Белфорт славеше со технички нокаут во првата рунда.

Холифилд кој на 59-годишна возраст се врати во рингот доживеа пораз, Белфорт жестоко удираше, а судијата го прекина мечот.

Холифилд доби можност да се бори, бидејќи Оскар де ла Хоја, кој требаше да биде во рингот, беше заразен со коронавирус. За него ова беше 11 пораз, а прва борба после 10 години.

Еден од коментаторите на овој настан беше поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, кој беше разочаран по мечот.

– Од почетокот можеше да се види дека Холифилд не е истиот борец како порано. Беше бавен. Невообичаено беше да се види во оваа состојба, бидејќи секогаш го гледавме како победува – коментираше Трамп.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Богоев од Белград: Владеењето на правото е клучно за да ги задржиме младите

Следно

МВР вчера санкционираше 520 возачи на територија на целата земја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian