Утре седница на Советот за безбедност

1 min read

 Во Кабинетот на Претседателот утре напладне ќе се одржи 13-тата седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија на која ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, и за поставеноста на системот за управување со кризи.

Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шилегов: Не чув кој што нуди за развојот на градот (ВИДЕО)

Следно

Во нападите во Сирија и Ирак загинаа двајца турски војници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian