Спасовски во Охрид ги отвори Синдикалните игри и средби на претставниците на Македонскиот полициски синдикат

1 min read

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на покана од претседателот на МПС, Марјан Кицев, а во присуство на претседателот на Европските полициски синдикати, Рикардо Валадас, денеска во Охрид ги отвори Синдикалните игри и средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат.

– Синдикалното организирање претставува столб на кој се засноваат и унапредуваат правата на вработените. Секое општество кое што тежи кон развој и просперитет, е должно да го негува и поддржува синдикалниот дух. Токму преку  овој начин на дејствување, преку спортското натпреварување  другарување, размена на искуства на полициски службеници од повеќе  земји учеснички на спортските средби се јакне спортскиот дух  и  квалитетното синдикално функционирање, рече министерот Спасовски во своето обраќање.

Тој посочи дека ако солидарноста претставува еден од базичните принципи на синдикализмот, тогаш еден од најдобрите начини за нејзино реално демонстрирање и зацврстување е токму ваквиот вид на дружење, подобро запознавање на синдикалците и градењето фер спортски однос.

Меѓудругото, министерот Спасовски во оваа прилика искажа посебна благодарност до претседателот на Советот на Европски полициски синдикати, Рикардо Валадас за неговите особени заложби во промовирањето на нашата убава земја, нашето Министерство за внатрешни работи и синдикализмот насекаде во светот. Пред почетокот на Синдикалите игри од страна на присутните со едноминутно молчење им беше оддадена почит на загинатите бранители на МВР и на починатите во пожарот во Модуларната болница во Тетово, информираат од МВР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меркел утре на посета во Белград, а задутре во Тирана

Следно

Кочанчани денеска ќе „плогираат“ за почист град

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian