Денеска се комплетираше шестото коло во втората Бундеслига, а Шалке ја забележа и третата победа (втора по ред) сезонава на гостувањето кај Падерборн со 0:1.
Стрелец на единствениот погодок за екипата на Грамоцис беше Тероде во 63 минута од средбата на „Бентелер“ Арената.
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше стартер за Шалке и настапи до 85 минута кога беше заменет од Матрисиани.
Моментно на табелата Шалке е на седмото место со 10 бодови, само три помалку од водечкиот состав на Регенсбург.
Во следното коло тимот од Гелзенкирхен на 17 септември ќе биде домаќин на осмопласираниот Карлсруе кој вчера пред своите навивачи ремизираше 2:2 со Холстајн Кил.