Рикардо најдобар на трката во Монца, „еден – два“ за Мекларен

1 min read

Возачот на Мекларен, Австралиецот Даниел Рикардо победи во трката во Формула 1 за Големата награда на Италија денеска на познатата патека во Монца.

Рикардо на Мекларен му ја донесе првата победа по ГН на Бразил во 2012 година, кога Џенсон Батон беше најдобар. Успехот на Мекларен со освојувањето на второто место го комплетираше Ландо Норис.

Покрај двојната победа на Мекларен, трката во Монца го одбележа моментот среде трката кога се судрија двајца кандидати за титулата, Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, кои потоа завршија покрај патеката.

Третото место во Монца му припадна на возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, кој се проби од дното до подиумот, додека четвртото место го освои Шарл Леклер од Ферари. Меѓу најдобрите 10 и нови бодови во шампионатот се најдоа Перез, Саинц, Строл, Алонсо, Расел и Окон.

Во борбата за титулата, Ферстапен има уште пет бода повеќе од актуелниот Ф1 шампион Хамилтон. Формула 1 сезоната ќе продолжи со трката за ГН на Русија, за две недели во Сочи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Објавена уште една снимка од страотниот пожар во модуларната болница во Тетово

Следно

Британскиот министер за здравство не очекува нови затворања поради коронавирусот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian