Ресен и Преспа поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, денеска 10 часа без струја

1 min read

Жителите на градот Ресен и на сите населени места во Преспа денеска од 8:00 до 18:00 часот ќе бидат без напојување со електрична енергија, поради реконструкција на дистрибутивната мрежа.

Како што информираат од „ЕВН Македонија”, во вој период екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на жителите на Ресен и Преспа.

– Поради реализација на зафатот, во овој период без снабдување ќе остане цела Општина Ресен, односно градот Ресен и сите населени места во Преспа, велат од „ЕВН Македонија”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американска студија: Во Македонија има 13.406 активни случаи со ковид, невакцинирани луѓе имаат 11 пати поголема веројатност да починат

Следно

Хеликоптерот Ми-24 се урнал во Брегот на Слоновата Коска, целиот екипаж загинал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian