РАЗГОВОР СО ЗОРАН АЛЕКСИЌ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА „351 Студио“: Сработивме за Ед Ширан, но и со Бруно Марс, Карди Би, Мигос и стотици други

4 mins read

Ако сте љубители на музика, сигурно веќе го знаете Ед Ширан, британски кантавтор кој е еден од најуспешните пејачи на меѓународната сцена и кој соработува со големи ѕвезди како, на пример, Џастин Бибер и Тејлор Свифт. Па оттука нè израдува веста дека суперпопуларниот Ширан ја проширил својата листа на соработници и тоа – со Македонци. Имено, македонската продукциска компанија „351 Студио“ го продуцираше новото официјално анимирано видео за Ед Ширан. Пејачот пак, на својата Фејсбук страница премиерно ја објави стрип-анимацијата за својот последен хит „Бед хебитс“ (Bad habits) зад кој во целост стојат македонските креативци. Видеото е изработено во стилот на стриповите од 60.те и 70.те години, а доби одлични критики од фановите на Ширан. По официјалната премиера на Фејсбук, веќе е достапно и на Јутјуб каналот на Ширан, како и на останатите платформи за видео содржини.

ФОТО: Приватна архива

Колку време ви беше потребно за подготовка на видеото?

– За подготвување на видеото ни беа потребни околу 20 денови, а на него работеше тим од околу 10тина луѓе. Продукцијата се одвиваше во неколку фази. Најпрво во делот на пред-продукција каде се дефинираше кративната насока и основните концепти на видеото. Ова е и можеби најважниот дел каде што ние како продукција интензивно сме на линија со издавачките куќи и со менаџерите и ги дефинираме основите на тоа како ќе изгледа финалниот производ и следните фази. Потоа следуваат и останатите фази на продукцијата, но сепак ова важи само за поголеми проекти како овој за Ед Ширан. Од друга страна, многу често добиваме многу кратки рокови за продукција, ден – два, и во тој случај треба многу брзо да дојдеме до квалитетен финален производ. Имавме ситуација во која продуциравме видео за Карди Би за само 24 часа и тој потфат беше успешен благодарение на тимот. Понекогаш сме навистина под стрес, но еве толку години сме во оваа работа и до сега не сме потфрлиле, ни објаснува нашиот соговорник Зоран Алексиќ, генерален директор на „Скај Ај Ентертејмент”- компанијата сопственик на брендот „351 Студио“, потсетувајќи дека оваа продукциска куќа има продуцирано над 2.200 видеа, меѓу кои и „Leave the door open“ од Бруно Марс и Андресон Пак и „Up“ од Карди Би, па дури и за Аријана Гранде, Виз Калифа, Ники Минаж, Мигос и ред други, звучни имиња.

Фото: 351 Студио

Како стапивте во контакт со тимот на Ед Ширан и другите музичари?

Кога ја основавме компанијата, јас и мојот партнер Илија Тодоровски, имавме јасни цели што сакаме да постигнеме. Знаеме дека ништо не се случува преку ноќ, потребна е посветеност, многу верба, и премногу работа… Музичката индустрија затворен круг и влезот во истата е тежок, но кога ќе се случи, функционира на доверба, издавачките куќи и менаџерите си веруваат едни на други и си препорачуваат. Во контакт сме со стотици луѓе кои носат високи одлуки во музичкиот свет, бидејќи имаме добра репутација, и секогаш соработуваме директно со издавачките куќи, а не преку трети лица, агенции и сл. Честопати сме и во посета на нашите клиенти во Лос Анџелес и Њујорк а и низ Европа. Инаку, нашата компанија е 100% извозно ориентирана. Прецизни сме во роковите и затоа што имаме голем тим, имаме можност за големо производство. Станува збор за брза индустрија, се работи брзо. Но, понекогаш некои песни и материјали ги добиваме и два, три месеци пред да излезат а кога ќе излезе…

ВИДЕО | Македонци го продуцираа новиот спот на светски познатиот Ед Ширан: Работеле и со Аријана Гранде, Ники Минаж, Карди Би и други светски артисти

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк. 

Претходно

Инцидент во Римини: Сомалиец со нож избоде петмина, меѓу кои и дете

Следно

Министерот за надворешни работи на Катар во посета на Авганистан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian