Работник повреден при инцидент во „Макстил”

1 min read

Во текот на редовното работење во трета смена во погонот Челичарница на „Макстил” АД е настанат инцидент при што е повреден еден вработен, информира денеска компанијата.

– На вработениот веднаш му е пружена прва помош и истиот е пренесен во Ургентниот центар на Универзитетската клиника за понатамошен третман. Истиот е вон животна опасност, се наведува во соопштението.

„Макстил” информнира дека случајот е пријавен во надлежните институции, чии екипи излегле веднаш на самото место на настанот.

– „Макстил” АД по итна постапка формираше комисија за детална интерна истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот и повредата, како и за одговорноста за истите. Јавноста ќе биде навремено информирана со повеќе информации и детали во моментот кога тие ќе бидат достапни, се додава во соопштението.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Напад со дрон врз меѓународниот аеродром Ербил во Ирак

Следно

Историјата не памети толку лош Јуве, може ли Алегри да го повтори „чудото“ од 2016 година?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian