„Пандевци“ газат во шампионатот, бодови за Струга ТЛ, Ренова и Работнички

1 min read

Денеска се одиграа пет од шест најавени средби од шестото коло во Првата македонска лига, најубедлив беше составот на Академија Пандев кој со 4:1 триумфираше над Македонија ЃП.

Иако ѓорчепетровци уште од првата минута со погодокот на Воша, „пандевци“ направија целосен пресврт со два гола во првото и второто полувреме.

Двапати во листата на стрелците се запиша Мирчевски во 45 и 61 минута, а по еднаш српскиот интернационалец Бихорац (21`) и Бразилецот Силва Сена дос Сантос (90`).

Борец со голот на Зарате во петтата минува поведе против Пелистер, битолчани израмнија непосредно пред паузата преку Ампонсах, а радоста на велешани ја донесе Трајкоски.

Работнички со 2:0 беше подобар од Брегалница, Станковски и Ристовски (од пенал) ја тресеа штипската мрежа.

Струга Трим Лум ги израдува своите навивачи со голот на Галевски во самиот финиш од мечот (90+4`) против Скопје.

Честа на гостите ја спаси Ренова која славеше кај Тиквеш со погодоците на Рамадани и Селмани. Оваа рунда ќе биде комплетирана во вторник (14 септември) со последниот меч Шкендија – Шкупи.

Табела: Академија Пандев 13 бодови, Струга Трим Лум 12, Ренова 11, Работнички 11, Шкупи 10, Македонија ЃП 9, Брегалница Штип 7, Борец 7, Шкендија 6, Скопје 5, Тиквеш 2, Пелистер 1.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДУИ: Нашите советнички листи се составени со претставници од граѓанското општество, млади и жени

Следно

Мал авион се урна во Сибир – има преживеани, во кабина заглавени 11 патници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian