Палестинците вечерва истрелаа ракета од појасот Газа кон југот на Израел, објави израелската армија.
Ова е трета последователна ноќ кога Палестинците го гаѓаат југот на Израел, објави „Тајмс оф Израел“.
Сирени за предупредување од ракетни напади се слушнаа низ израелските заедници во близина на границата со Газа, како и во Сдерот, па илјадници луѓе потрчаа да најдат засолниште.
Тројца Израелци се полесно повредени додека се обидувале да избегаат, соопштија лекари.
Ракетата била пресретната од ракетниот одбранбен систем „Железна купола“, соопшти израелската армија.
Како и во претходните две ноќи, ниту една палестинска група јавно не ја презеде одговорноста за ракетните напади.
Израел изведе воздушни напади врз цели на Хамас во петокот и саботата по ракетните напади, бидејќи смета дека таа милитантна група е одговорна за ракетните напади од Газа.
Портпаролот на Регионалниот совет, Шар Ханегев, изјави дека нема жртви во таа област, ниту пак има материјална штета од ракетите.