Над 50 отсто од Јапонците се вакцинирани, владата до ноември нема да ги ублажи на мерките

1 min read

Јапонската влада денеска соопшти дека повеќе од 50 проценти од граѓаните се целосно вакцинирани против Ковид, и дека владата разгледува план со кој ќе ги ублажи рестриктивните мерки во ноември, доколку мнозинството од населението е имунизирано.

Кампањата за вакцинација во Јапонија започна кон средината на февруари, со задоцнување во однос на најразвиените земји во светот, поради подолго тестирање на вакцините и чекање на регулаторното тело за одобрување, пренесува „Индипендент”.

Имунизацијата на постарите пациенти, која започна во април, исто така беше забавена поради недостаток на вакцини, но темпото се забрза кон крајот на мај и оттогаш, на граѓаните им се даваат милион дози дневно.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МВР вчера санкционираше 520 возачи на територија на целата земја

Следно

Напад со дрон врз меѓународниот аеродром Ербил во Ирак

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian