МВР вчера санкционираше 520 возачи на територија на целата земја

1 min read

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 520 возачи.

Од нив, 48 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 246 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор од населено место.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Борбата на легендарниот Холифилд прекината уште во првата рунда

Следно

Над 50 отсто од Јапонците се вакцинирани, владата до ноември нема да ги ублажи на мерките

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian