Мото ГП: Бањаја со првенец во Арагон во дуелот со Маркез

1 min read

Возачот на „Дукати,“ Франческо Бањаја ја забележа денеска првата победа во неговата кареира, во Мото ГП шампионатот, на трката за Големата награда на Арагон.

Бањаја дојде до триумфот, откако успеа да се одбрани од нападот на шесткратниот шампион Марк Маркез од „Хонда“ на крајот од трката.

Третото место му припадна на актуелниот шампион Жоан Мир од „Сузуки“, четврти беше Алеш Еспаргаро од „Априлија“, додека лидерот во шампионатот, возачот на „Јамаха“, Фабио Квартараро, заврши на осмото место.

Во генералниот пласман, Квартараро има 214 бода, Бањаја е втор со 161 поен, а четири помалку има Мир.

Следната трка за ГН на Сан Марино е на 19 септември 2021 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лукашенко: Планираме да купиме оружје од Русија за милијарда долари

Следно

Шилегов: Не чув кој што нуди за развојот на градот (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian