Ковид се појави во зоолошката во Атланта, 13 горили заразени

1 min read

Зоолошката градина во Атланта соопшти дека 13 горили биле заразени со коронавирусот, вклучувајќи го и 60-годишниот Оз, најстарата машка горила во заробеништво, пренесува Гардијан.

Зоолошката градина објави дека вработените забележале дека горилите кашлаат, дека им тече носот и апетитот почнал да им се намалува. Ветеринарна лабораторија на Универзитетот во Џорџија ги тестираше горилите, а нивните тестови беа вратени позитивни.

Според Гардијан, брисеви од носот и фекални примероци биле испратени на анализа и било потврдено дека горилите имаат ковид. Во соопштението објавено на веб -страницата на зоолошката градина се вели дека се верува дека еден од вработените кои се грижат за горилите го пренел вирусот.

„Вработените се вакцинирани, носат заштитна опрема како ракавици и маска и немаа никакви симптоми кога дојдоа на работа. Тимовите внимателно ги следат заразените горили и се надеваат дека целосно ќе закрепнат“, рече Сем Ривера, виш директор за здравје на животните во зоолошката градина во Атланта.

Ривера за локалните медиуми изјави дека втората група големи мајмуни заразени со ковид-19 се горили во Атланта, откако осум горили во паркот Сафари во зоолошката градина во Сан Диего беа заразени со вирусот во јануари. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Интер за првпат без триумф сезонава во Серија А

Следно

Скоро цел меч за Чурлинов, Шалке се враќа на победничките патеки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian