Кочанчани денеска ќе „плогираат“ за почист град

1 min read

Денеска во 16.30 часот во Кочани ќе се одржи прв плогинг настан под мотото „Биди еко биди фит”, организиран од  група ентузијасти од Кочани, на иницијатива на нивната сограѓанка Марија Соколоска и еколошкото здружение Грин.орг.

Плогингот (plogging) е спортска активност која во себе содржи и еколошка компонента бидејќи претставува спој на трчање (џогирање) и собирање на отпадоци. Настанала пред неколку години во Шведска, за изминативе години да се прошири во дури 100 земји, каде редовно или повремено се одржуваат плогинг-настани или трки.

Замислата на организаторите е Кочани да биде прв град во Македонија кој ќе се најде на светската карта на плогинг-настани.

„Плогинг е спој на здравиот живот и здрава околина, а наша цел е да ја подигнеме свеста за чиста и здрава животна средина“, велат од Грин.Орг.

Осмислени се три различни рути кои се движат низ Кочани и на потегот од центарот на градот до акумулацијата Градче. На секоја рута на раздалеченост од 200 метри ќе бидат поставени биоразградливи кутии во кои ќе се фрла отпадот од страна на волонтерите за време на плогингот. Волонтерите собираат отпад во веќе употребени пластични ќесиња и  имаат свои лидери кои ги водат по избраната рута.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Спасовски во Охрид ги отвори Синдикалните игри и средби на претставниците на Македонскиот полициски синдикат

Следно

Иран продолжува со снимањето на нуклеарни постројки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian