Кирстен Данст и нејзиниот партнер Џеси Племонс станаа среќни родители на уште едно дете, синот Џејмс Роберт, пред четири месеци.
„Ова е ново дополнување на нашето семејство, нашата „фаца“. Тој е ангел, но гладен ангел и тежок ангел“, рече актерката за „Њујорк тајмс“.
View this post on Instagram
„Многу сум уморна, немам спиено цела ноќ четири месеци“, рече таа, меѓу другото за „благодетите“ на грижата за новороденче.

Данст(39) и Племонс(33) се запознаа во 2015 година на снимањето на телевизиската драмата „Фарго“, во која играа брачни другари. Тие се верија во 2017 година, а исто така се родители на нивниот тригодишен син Енис.