Историјата не памети толку лош Јуве, може ли Алегри да го повтори „чудото“ од 2016 година?

1 min read

Кристијано Роналдо си замина, а Јувентус не донесе вистинска замена и тој е во прилично лоша ситуација на стартот од најсилниот италијански шампионат.

Јуве освои само еден бод во првите три кола во Серија А со нерешен резултат во Удине, а потоа загуби од Емполи и синоќа во дербито од Наполи.

Во летото 2015 година, „Старата дама“ се најде во слична ситуација, освои само еден бод во натпреварите со Удинезе, Рома и Киево, а тоа се единствените две сезони во кои клубот од Торино имаше само еден бод по три кола.

Но, тогаш Јувентус имаше моќна екипа, составена од ветерани и млади талентирани ѕвезди, во која играа Кјелини, Бонучи, Сандро, Лихштајнер, Евра, Кедира, Погба, Маркизио, Мората, Дибала, Манџукиќ, со тренерот Масимилијано Алегри успеаја да се вратат.

Јуве победи на 24 од 25 натпревари, продолжи да доминира во Серија А со страшна серија, со девет бода повеќе од Наполи, 11 од Рома и дури 24 од Интер.

Сега ситуацијата е поинаква и многумина не веруваат дека Јуве може да направи сличен подвиг. Впечаток е дека преодниот рок не беше направен како што беше планирано, дека Роналдо беше шокиран од одлуката да си замине, пристигна Моиз Кин, а колку ќе може да направи Јуве ќе видиме во наредните месеци.

Следува гостувањето на Малме во Лигата на шампионите и потоа дербито со Милан следниот викенд.

Роналдо: „Олд трафорд“ отсекогаш бил магично место

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Работник повреден при инцидент во „Макстил”

Следно

Бројот на загинати во поплавите во Пакистан се искачи на 18

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian