Иран продолжува со снимањето на нуклеарни постројки

1 min read

Шефот на иранската нуклеарна програма Мохамед Еслами изјави дека Техеран ќе им дозволи на инспекторите на ОН да постават нови мемориски картички во надзорните камери на иранските нуклеарни локации и да продолжат со снимање, пренесува Гардијан.

Еслами го рече ова по денешниот состанок со генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси во Техеран.

Оваа објава може да му купи време на Иран пред состанокот на управниот одбор на МААЕ оваа недела, откако западните сили побараа Техеран да биде казнет затоа што не соработува со меѓународните инспектори.

МААЕ им соопшти на своите земји -членки во доверлив квартален извештај минатата недела дека активностите за инспекција и надзор биле „сериозно компромитирани” од февруари, кога Иран одби да им дозволи на инспекторите на агенцијата пристап до опрема за надзор.

МААЕ претходно овој месец објави дека Иран продолжил со збогатување ураниум.

Иран ги ограничи меѓународните инспекции на своите нуклеарни капацитети од 23 февруари.

Иран започна да го ограничува својот надзор над нуклеарните капацитети со цел да изврши притисок врз администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да ги укине санкциите што ги воведе претходната американска администрација на Доналд Трамп.

Преговорите меѓу Иран и меѓународната заедница за ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите се во застој од јуни.

ОН: Иран постигнува напредок во збогатувањето со ураниум

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кочанчани денеска ќе „плогираат“ за почист град

Следно

Градоначалничката на Париз се кандидира за претседател на Франција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian