Фудбалот пред парите: Сè е познато, ова се бројките околу Мбапе

1 min read

Шпанските медиуми тврдат дека практично сè е договорено, дека Килијан Мбапе се согласил на понудата на Реал Мадрид.

Дефиниран е и неговиот приход, но и клаузулата. Според дневниот весник Еј-Би-Си („ABC“), Французинот ќе добие 30 милиони евра во првата сезона (бидејќи доаѓа како слободен агент), а потоа ќе игра за 20 во следните пет години. Тоа е двојно помалку од она што го заработува во Париз, така што неговата желба е толку силна да игра во „кралскиот“ дрес.

Тој ќе биде најплатениот играч на Реал, не можат да му понудат повеќе бидејќи би ја нарушиле атмосферата во соблекувалната, само Еден Азар има приближна плата. Се шпекулира дека, доколку пристигне Пол Погба од Манчестер јунајтед, тој ќе се израмни со Мбапе, двајцата се пријатели и клубот не би сакал ривалство меѓу двајцата Французи.

Никој досега, освен Кристијано Роналдо, кој имаше 20 милиони, немаше толкава плата во Реал Мадрид.

Кога сè ќе се собере, целата зделка за Мбапе ќе изнесува околу 300 милиони евра, сметајќи ги и даноците за шест години, плус провизии за менаџерите, Французинот нема да биде толку скап, бидејќи доаѓа без надомест.

Но, никој нема да може да го доведе, барем не со плаќање на клаузулата. Според информациите на изворот, откупната клаузула ќе биде една милијарда евра.

Неверојатно, Тимо Вернер има поголема плата од Мбапе и Левандовски

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Борисов: Претседателската функција никогаш не ме интересирала

Следно

Франција одби да ја признае новата влада на Авганистан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian