Ким Кардашијан беше забележана во смел аутфит, дури и според нејзините стандарди. Целосно покриена со кожа од глава до пети, ријалити-ѕвездата се пријави во хотелот „Риц-Карлтон“ во Њујорк, каде што престојува за претстојната Мет Гала.
View this post on Instagram
„Опасниот“ ансамбл на Ким потсетува на садо-мазо „костим“, за кој обожавателите имаа различни коментари. Некои го осудија претерано смелиот изглед, а други ја нарекуваа икона и единствена личност што всушност може да износи таква облека.
Трети пак, се повикаа на аутфитот на „Баленсијага“ што ѕвездата го носеше на преслушувањето на албумот „Донда“. Дали Кардашијан е облечена како што е во омаж на Канје Вест, не се знае.
Кожниот ансамбл на Кардашијан, вклучува чизми со остра потпетица, панталони, мантил и целосна маска на главата со простор за долгото репче.
View this post on Instagram
ВИДЕО+ФОТО | Никој како Канје Вест: Раперот се запали на сцена и се сретна со Ким во венчаница