Експлозија во предградие на Атланта, урнат дел од зграда

1 min read

Едно лице е полесно повредено кога дел од зграда во трикатен станбен комплекс во предградието на Атланта, САД, се урна по експлозијата.

Шефот на противпожарната служба Мелвин Картер изјави дека судбината на двете лица не е позната.

Тој наведе дека причината за експлозијата засега не е позната, но дека компанијата Атланта гас добила повик од станар кој намирисал силен мирис пред да се случи, пренесува АП.

Тој додаде дека 90 проценти од зградата е претресена и дека останатиот дел се обезбедува за да можат спасувачите да продолжат со потрагата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Каква завршница во Рим, Жозе Мурињо во делириум во неговиот 1000 меч

Следно

Во Москва починаа 42 лица од ковид, најмалку од март годинава

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian