ДУИ: Нашите советнички листи се составени со претставници од граѓанското општество, млади и жени

1 min read

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) во законски предвидениот рок ги достави Листите на кандидати за членови на Советите на општините и Листата на кандидати за градоначалници за локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври годинава.

Демократската Унија за Интеграција ќе се натпреварува со вкупно 35 листи на кандидати за Општински совети, додека со кандидат за градоначалник ќе се натпреваруваме во вкупно 19 општини.

Листите на Демократската Унија за Интеграција се состојат од професионални и компетентни  личности во средината каде што живеат и работат. Нашите листи се состојат од еминентни имиња од граѓанското
општество, претставници на младите, жени, како и успешни личности во различни области.

Во шест општини, како во Струга, Чаир, Шуто Оризари, Битола, Маврово и Куманово, носителите на листите за Општинскиот совет, ќе бидат жени.

Демократската Унија за Интеграција оценува дека со овие личности ќе бидеме апсолутен победник на следните локални избори, каде фокусот ќе биде ставен на реализација на предизборната програма која има за цел подобрување на стандардот на граѓаните.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Биков: ГЕРБ може да го кандидира за претседател на Бугарија Петар Стојанов

Следно

„Пандевци“ газат во шампионатот, бодови за Струга ТЛ, Ренова и Работнички

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian