Бројот на загинати во поплавите во Пакистан се искачи на 18

1 min read

Бројот на жртвите во несреќите предизвикани од обилните врнежи во различни провинции на Пакистан се искачи на 18, пренесува Хиндустан Тајмс.

Според локалните медиуми, обилните дождови во различни делови на земјата предизвикаа вистинска катастрофа и бројни несреќи.

Властите соопштија дека три куќи во регионот Торгар во провинцијата Хајбер Пактунхва целосно се урнале, при што загинаа 11 лица. Наведувајќи дека напорите за потрага и спасување продолжуваат, властите изразија стравување од можно зголемување на бројот на жртвите.

Поплавите низ целиот регион оштетија многу куќи и земјоделско земјиште.

Во последните два дена, седум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во катастрофи и несреќи предизвикани од обилните дождови во државата Пенџаб.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Историјата не памети толку лош Јуве, може ли Алегри да го повтори „чудото“ од 2016 година?

Следно

Германска покраина донесе нова одлука: Нема плата за невакцинираните ако тие одат во изолација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian