Богоев од Белград: Владеењето на правото е клучно за да ги задржиме младите

2 mins read

После мојот избор за градоначалник, во голема мера се фокусирав на мојата комуникација преку социјалните мрежи, особено на Фејсбук, Твитер, Инстаграм, каде што имаме стапка на возвратен одговор од околу 97 отсто на сите канали, но јас го користам моето време, исто така, да бидам во различни населби низ општината, па луѓето знаат дека можат да дојдат до градоначалникот во било кое време, да добијат повратен одговор, па дури понекогаш да биде и негативен, бидејќи и негативниот одговор е одговор и таа двонасочна комуникација мора да постои.

Ова го истакна градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, во обраќањето на Регионалната конференција, што во организација на Меѓународниот центар „Улоф Палме” се одржа во српскиот главен град Белград.

Како што соопшти Општина Карпош, овој регионален настан обедини повеќе политичари од Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Шведска, како и претставници на граѓанското општество.

Богоев, кој учествуваше на панелот каде што говореа и парламентарци од Босна и Херцеговина и Србија, се осврна и на актуелните политички случувања во земјава, на демократските процеси, како и на владеењето на правото.

– Ние, во целиот регион треба да работиме интензивно на спроведување на апсолутно владеење на правото. Тоа е коренот на сите проблеми и младите во голема мера си заминуваат од Балканот, не само заради невработеноста, туку затоа што не можат да ја поднесат неправдата во системот, истакна Богоев.

На конференцијата учествуваше и поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, кој зборуваше за развојот на државата и предизвиците со кои се соочува.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Папата Франциск пристигна во Будимпешта за затворање на Евхаристински конгрес

Следно

ВИДЕО: Борбата на легендарниот Холифилд прекината уште во првата рунда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian