Блинкен: Терористичките напади го сменија развојот на САД

3 mins read

Државниот секретар Ентони Блинкен синоќа објави официјална изјава по повод 20 годишнината од терористичките напади, кои се случија на 11 септември 2001 година, пренесува Ен-Би-Си.

Државниот секретар Ентони Блинкен синоќа објави официјална изјава по повод 20 годишнината од терористичките напади, кои се случија на 11 септември 2001 година.

Тогаш, во Њујорк, Арлингтон (Вирџинија) и во Шенксвил (Пенсилванија), загинаа речиси три илјади Американци, мажи, жени и деца.

-Загубата на секој од нив испрати бранови што зрачеа кон семејствата, заедниците и цели народи, изјави Блинкен.

Додаде дека за многу Американци нападите биле сфатени как нешто лично, „независно од тоа дали изубивме некого што го знаеме или каде сме биле на 9/11″.

-Нападите беа нешто лично. И сеуште е така.

Рече дека по нападите САД ја увиделе приврзаноста на сојузници и партнерите кон Америка „и нашата кон нив. Таа врска е света”.

-9/11 вијаеше на траекторијата на нашата земја и на тоа како ние се ангажираме во светот.

Државниот секретар потсети дека во таа војна загинале вкупно 2.641 војник, „вклучувајќи ги 13-те војници пред неколку недели, кога таа војна ја завршивме”. Напомена и дека во војната во Авганистан ранети биле повеќе од 20 илјади војници.

Немилиот настан инспирирал генерација службеници во дипломатската служба на САД.

-Тоа се луѓе кои се придружија знаејќи колку тешка работа претстои, колки препреки се пред нив, и од каква животна важност е нивниот успех. Ценети членови на нашата дипломатска заедница ги дадоа своите животи во тој предизвик, вклучувајќи ги колегите убиени на 11 септември 2012 година во терористичките напади во Бенгази, Либија, потсети државниот секретар.

Тогаш, во Њујорк, Арлингтон (Вирџинија) и во Шенксвил (Пенсилванија), загинаа речиси три илјади Американци, мажи, жени и деца.

-Загубата на секој од нив испрати бранови што зрачеа кон семејствата, заедниците и цели народи, изјави Блинкен.

Додаде дека за многу Американци нападите биле сфатени как нешто лично, „независно од тоа дали изубивме некого што го знаеме или каде сме биле на 9/11″.

-Нападите беа нешто лично. И сеуште е така.

Рече дека по нападите САД ја увиделе приврзаноста на сојузници и партнерите кон Америка „и нашата кон нив. Таа врска е света”.

-9/11 вијаеше на траекторијата на нашата земја и на тоа како ние се ангажираме во светот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Масовни тепачки на протестите во Франција

Следно

„Гранде“ Пандев третопласиран по бројот на настапи во италијанската Серија А

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian