Беше најбрз меѓу 26.000 учесници во Виена, па дисквалификуван поради 10 милиметри

1 min read

Маратонот во Виена (Австрија), кој е одржан по едногодишна пауза, поради пандемијата на коронавирусот, најбрзо го истрча Дерара Хуриса од Етиопија, кој патеката ја истрча за 2:09:22 часа.

Но, тој беше дисквалификуван после одлука на организаторите. а победата му припадна на Кениецот Леонард Лангат.

Хуриса беше дисквалификуван бидејќи трчаше со патики кои не одговараат на правникот.

Имено, дозволени се патики со ѓон со максимална дебелина од 40 милиметри, а Хуриса трчаше во патики со ѓон со дебелина од 50 милиметри.

Коронавирусот влијаеше на бројот на учесници, од кои годинава имаше околу 26.000. Во „нормални“ времиња, имаше околу 40.000 учесници.

Портпаролот на маратонот, Адреас Мајер, исто така, посочи дека голем број учесници од странство оваа година, поради епидемиските мерки за влез во земјата, не можеа да пристигнат.

Маратонот се одржа со строг концепт за хигиена и почитување на мерките во борбата против коронавирусот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Давитковски: Правилата се јасни, министерот му поднесува оставка на премиерот, не на спикерот

Следно

ВИДЕО: Интер за првпат без триумф сезонава во Серија А

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian