Запленети 1,5 тони кокаин кај Плимут, уапсени шест лица

1 min read

Шест мажи, меѓу кои и еден Британец, се уапсени во близина на Плимут, по заплена на 1,5 тони кокаин вреден 120 милиони фунти (140 милиони евра).

Британската државна агенција за борба против криминалот (НЦА) соопшти дека во соработка со австралиската федерална полиција и локалните погранични сили, уапсиле Британец и петмина државјани на Никарагва со јахта од Јамајка, на околу 130 километри од брегот, објави „Гардијан”.

„Мажите, на возраст од 24 до 49 години, се уапсени под сомнение за шверц на дрога и ќе останат во притвор до сослушување”, додава НЦА.

Заменик -директорот на НЦА, Мет Хорн рече дека „нема сомнение дека оваа дрога ќе се продава на места низ Велика Британија, што ќе доведе до уште поголем криминал и беда”.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Австрија ги стави сите земји од Западен Балкан на „црвена листа“

Следно

Клоп и Гвардиола на различни страни: Менаџерот на Сити нема ништо против СП да се игра на две години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian