Во Софија протест против анти-ковид рестриктивните мерки

1 min read

Заврши протестот во Софија организиран од партијата „Преродба” против рестриктивните мерки, насочени за спречување на ширењето на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Софија. Протестот беше насловен „Време е да паднат маските”.

Демонстрантите накратко ги блокираа централните булевари во Софија. Демонстрантите стигнаа до бугарското Министерство за здравство. Тие усвоија декларација со нивните барања, која ќе биде доставена до Претседателството и до членовите на бугарската техничка влада.

Демонстрантите се изјаснија против рестриктивните мерки, задолжителното носење маски и поделбата на луѓето на вакцинирани и невакцинирани. Тие се изјаснија против воведените ограничувања и побараа да бидат отстранети. Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, партијата Преродба со лидерот Костадин Костадинов е проруска, се противи на ограничувањата против Ковид-19, бара повлекување на Бугарија од НАТО и ЕУ, и е против членството на земјата во Еврозоната и усвојувањето на еврото.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Со минута молчење во САД почна одбележувањето на две децении од терористичкиот напад

Следно

По Пеле на операција заврши уште една бразилска легенда, Ромарио

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian