Стотици жители на Тетово излегоа на марш да искажат почит кон жртвите кои загинаа во пожарот што ја зафати модуларната ковид болница на 8 ми септември при што загинаа 14 луѓе. Тие положија цвеќе пред веќе изгорената модуларната болница.
Во меѓувреме најавените германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt), денеска пристигнаа во Тетово, и ќе помогнат околу истрагата за несреќата во модуларниот ковид центар во која загинаа 14 лица, објави ТВ 21.