Романска туристка денеска загина откако паднала од карпите во амбис. Таа се обидувала да се фотографира во хотелскиот комплекс Свети Стефан, потврди за Срна полицијата од Будва.
Шеесетгодишната Роба Горгета давала знаци на живот кога припадниците ан Службата за заштита и спасување ја извлекле од амбисот, но починала на пат кон болница.
Вишиот државен обвинител од Подгорица нареди обдукција на настраданата.