Талибанците го убија братот на поранешниот потпретседател на Авганистан, Амрул Салех и неговиот возач во северната провинција Панџшир, изјави денеска внукот на Салех.
Шуреш Салех рече дека неговиот вујко Рохула Азизи возел некаде во четвртокот кога талибанските борци го запреле на контролен пункт. – Слушнавме дека талибанците го убиле веднаш, пукале во него и во возачот на контролниот пункт, прецизира Шуреш Салех.
Тој рече дека не знаел каде оди неговиот вујко, инаку борец против талибанците, кога бил фатен. Тој рече дека телефоните не работат во таа област.
Амрула Салех ги предводеше силите на отпорот против талибанците во Панџшир, провинцијата што последна падна под нивна контрола.
Извор: МИА