Столтенберг: Борбата против тероризмот ќе продолжи

1 min read

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им оддаде почит на жртвите од нападите на 11 септември во САД, велејќи дека Алијансата ќе продолжи да се спротивставува на заканата од глобалниот тероризам, јави ДПА.

– Борбата против тероризмот ќе продолжи и НАТО ќе продолжи да ја игра својата улога, вети Столтенберг на церемонијата во седиштето на НАТО во Брисел, нагласувајќи дека ова е единственото место каде Европа и Северна Америка секојдневно работат за нивната заедничка безбедност.

На 20-годишнината од нападите на 11 септември 2001 година во САД, знамињата на сојузниците беа спуштени на половина копје во чест на речиси 3.000 луѓе убиени во нападот на Ал Каеда. САД и нивните сојузници влегоа во Авганистан кратко време по нападите, соборувајќи ја талибанската влада. Радикалната исламистичка група ја врати власта минатиот месец, потсетува ДПА. 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Баварците ја наполнија мрежата на Лајпциг во дербито

Следно

Роналдо: „Олд трафорд“ отсекогаш бил магично место

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian