Русија испрати засилување на воените сили во Таџикистан

1 min read

 Русија испрати 12 оклопни возила и воена опрема во Таџикистан, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Москва неодамна одржа воени вежби во Таџикистан и испрати дополнителна воена опрема во базата, која е најголема во странска земја, пренесува ТАСС.

Русија изрази загриженост дека ситуацијата во Авганистан, каде талибанците ја презедоа власта по повлекувањето на американските и другите странски сили, може да доведе до дестабилизација во регионот.

„За да спречиме нестабилност недалеку од јужната граница на Таџикистан, ние работиме заедно за да ја обезбедиме безбедноста на нашите земји”, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Границата на Таџикистан со Авганистан е долга 1.344 километри и е претежно во планините, што го отежнува обезбедувањето. 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Продолжува агонијата на Јувентус, Елмас и Наполи ја решија „старата дама“

Следно

Челси без проблеми со Астон Вила, ново шоу на Лукаку

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian