Роналдо се врати во Јунајтед со два гола,  конечно победа за Арсенал

1 min read

Четвртото коло во Премиер лигата го одбележа кам-бекот на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед. Португалецот кој последниот натпревар во Премиер лигата го одигра во 2009 година, денеска на „Олд трафорд“ истрча како играч на Јунајтед и на навивачите им приреди спектакл.

Јунајтед со 4:1 го совлада Њукасл, а Роналдо постигна два гола, првиот во финишот од првиот дел, а вториот во 60. минута. Единствено што успеа да направи Њукасл и во 56 минута да постигне гол преку Хавиер Манкиљо.

Третиот гол беше дело на сонародникот на Роналдо, Бруно Фернандеш кој во 80. минута зголеми на 3:1, додека конечниот резултат го постави Џеси Лингард во судиското продолжение.

Екипата на Арсенал дури во четвртото коло дојде до првата победа сезонава. „Топчиите“ со 1:0 го совладаа Норич благодарение на голот на Пјер-Емерик Обамејанг во 67 минута.

Актуелниот шампион Манчестер сити со три бода на своето конто се враќа од Лестер. Човек на одлука во победата над Лестер беше Бернардо Силва во 62. минута.

Резултати:
Кристал Палас – Тотенхем 2:0
Арсенал – Норич 1:0
Брентфорд – Брајтон 0:1
Лестер – Манчестер сити 0:1
Манчестер јунајтед – Њукасл 4:1
Саутемптон – Вест Хем 0:0
Вотфорд – Вулверхемптон 0:2

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нуредини: 12 пациенти кои го преживеаја пожарот се на кислородна поддршка и во добра состојба

Следно

ОАЕ создаде воздушен мост за помош на Авганистан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian