Ресен и Преспа утре 10 часа без струја

1 min read

Жителите на градот Ресен и на сите населени места во Преспа утре од 8:00 до 18:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од ЕВН Македонија АД, во вој период екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на жителите на Ресен и Преспа.

-Поради реализација на зафатот, во овој период без снабдување ќе остане цела Општина Ресен, односно градот Ресен и сите населени места во Преспа, велат од ЕВН Македонија АД.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поради асфалтирање, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Ленишки мост по една лента

Следно

ФИФА пресече: Премиерлигашите ќе може да сметаат на бразилските фудбалери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian