Продолжува агонијата на Јувентус, Елмас и Наполи ја решија „старата дама“

1 min read

Во дербито на третото коло во Серија А, фудбалерите на Наполи го совладаа Јувентус со 2:1.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во првиот тим и го одигра првото полувреме по што беше заменет од Оунас на стартот од вториот дел.

Фудбалерите на Наполи тргнаа офанзивно уште од првата минута, ја имаа првата голема шанса преку Политано чиј удар со глава заврши пред голот.
Казната стигна во 10 минута кога Пауло Дибала ја искористи грешката на Манолас и рутински го совлада Оспина.

Иако доминираа до крајот на првото полувреме, домашните играчи не успеаја да постигнат гол, но тоа го надополнија во второто полувреме. Во 57 минута по центаршутот на Инсиње и лошата реакција на голманот на Јувентус, Шчешни, Матео Наполитано донесе израмнување.

Пресвртот се случи на пет минути пред крајот на натпреварот Моизе Кин лошо реагираше по корнерот на Наполи, а Калиду Кулибали се најде на вистинското место и му донесе победа на Наполи.
Јувентус по три кола се уште нема победа, додека Наполи е лидер со максимални девет бодови.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Продолжува агонијата на Јувентус, Елмас и Наполи ја решија „старата дама“

Следно

Русија испрати засилување на воените сили во Таџикистан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian