Приведени четворица од шестмината Палестинци кои избегаа од израелски затвор

1 min read

  Уште двајца палестински затвореници кои избегаа од затворот Гилбоа во северен Израел беа фатени денеска, меѓу кои и милитантниот командант Закарија Зубеиди, објавија израелските медиуми.

Тој беше фатен во Мухамед ал-Арида, а инаку е помлад брат на наводниот организатор на бегството преку тунел ископан под ќелија во затворот, за кој се верува дека е добро обезбеден.

Четворица затвореници сега се повторно во израелско заробеништво, а потрагата по преостанатите двајца продолжува. Се верува дека еден е во северниот дел на Западен брег.

Сите бегалци, освен Зубеиди, се членови на Исламскиот џихад, а четворица се осудени на доживотен затвор за вмешаност во смртоносни напади врз Израелци.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Парада на гордоста во Атина

Следно

Двајца кандидати за градоначалник и четири листи за советници во Општина Пласница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian