Поради асфалтирање, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Ленишки мост по една лента

1 min read

Сообраќајот на патниот правец А1К1 Прилеп – Ленишки  мост од вчера се одвива наизменично по една коловозна лента заради асфалтирање, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зверев: Новак ќе го освои календарскиот слем, тој е најдобар на сите времиња

Следно

Ресен и Преспа утре 10 часа без струја

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian