По Пеле на операција заврши уште една бразилска легенда, Ромарио

1 min read

Само една недела откако легендарниот бразилски фудбалер Пеле беше опериран за да му биде отстранет тумот на дебелото црево, сега на операциска маса се најде уште еден поранешен фудбалер.

Во четвртокот беше опериран и Ромарио на кого му е отстрането жолчното ќесе. Поранешниот фудбалер е опериран во болницата „Копа Стар“ во Рио де Жанеиро, а оперативниот зафат поминал без никакви проблеми и се очекува Ромарио за неколку дена да биде отпуштен од болницата.

Ромарио беше најголема ѕвезда на бразилската репрезентација која во 1994 година триумфира на Светското првенство кое се одржа во САД.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Софија протест против анти-ковид рестриктивните мерки

Следно

Невакцинираните луѓе имаат 11 пати поголема веројатност да умрат од ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian