Патот на Мурињо: Од анонимус до еден од најдобрите тренери во историјата

3 mins read

Викендов во Серија А главна вест нема да бидат резултатите од дерби пресметките меѓу Наполи-Јувентус и Милан – Лацио туку Жозе Мурињо и неговиот јубилеј. Мурињо кој летово седна на клупата на Рома, утре против Сасуоло по 1.000 пат ќе води една екипа во тренерската кариера.

Мурињо тренерската кариера ја започна, односно прв клуб во кој работеше како главен тренер беше Бенфика која во 2000 година ја водеше три месеци и на клупата седеше само 11 натпревари. Учинокот му беше шест победи, три нерешени натпревари и два порази.

Потоа наредната сезона седеше на клупата на Леириа по што пристигна во Порто каде започна да ја пишува историјата која сите фудбалски фанови добро ја знаат…. Преку Порто, Челси, Реал Мадрид, Интер, Манчестер јунајтед, Тотенхем до Рома, Мурињо се докажа како еден од најдобрите и најуспешните тренери во историјата.

Мурињо досега освои 25 трофеи, од кои два се во Лигата на шампионите и тоа две различни екипи, Порто (2004) и Интер (2010).

Во текот на кариерата Мурињо имаше многу подеми но и падови, но неговиот допринос за фудбалот не треба и не смее да се гледа само преку освоените трофеи. Доколку Јохан Кројф го промени начинот на сфаќање на фудбалот, Пеп Гвардиола ја надгради таа филозофија, тогаш Мурињо воведе нов пристап на натпреварите и ги натера медиумите и фановите со поинакви очи да гледаат на тренерите . Едноставно фудбалот со Мурињо стана позабавен со Мурињо како тренер.

– Бројката од 1.000 натпревари е големо достигнување, а неговите резултати обезбедија тој засекогаш да биде признат како еден од тренерските великани – изјави сер Алекс Фергусон легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед кој прво беше голем ривал, а потоа и стана голем пријател со Жозе Мурињо.

Утре Мурињо ќе стане 33. тренер во модерната ера на фудбалот кој дошол до оваа бројка, а на врвот е Фергусон со 2.155 натпревари.

За Португалецот зборуваше и Диого Луиш кој играше во Бенфика и Мурињо му беше тренер.
– Мурињо ја стекна славата со дефанзивната перфекција, но во Бенфика не беше таков. Секогаш беше подготвен да ризикува, тоа го правеше кога има доверба во екипата. Мислам дека се промени во Интер, таму сфати дека има екипа која најдобро функционира со дефанзивен пристап – рече Луиш.
Мурињо нема освоено трофеј со само три екипи кои ги тренираше, Бенфика, Леирија и Тотенхем.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Тиквеш”: Принудени сме да го прекинеме откупот на грозјето поради блокада од страна на поединци кои манипулирале со квалитетот на родот

Следно

Историски успех на Радукану: Преку квалификациите до титулата на УС Опен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian