Парада на гордоста во Атина

1 min read

Под слоганот „Ова е тоа што нѐ обединува”, попладнево во центарот на Атина се одржа традиционалната парада на гордоста на која учествуваа илјадници граѓани, јави дописничката на МИА од Атина.

Учесниците велат дека и покрај пандемијата, оваа година парадата беше една од помасовните.

Граѓани на различна возраст, маршираа низ улиците во Атина, а парадата традиционално заврши пред грчкиот Парламент.

Овој пат, поради мерките за заштита од Ковид-19, по завршувањето не се одржа концерт, како што беше случај претходно.

„Не за булингот, да за љубовта”; „Љубовта е за сите”; „Сакаме љубов и еднаквост, а не страв и несигурност”; „Љубовта е непобедлива”; „Излези, биди горд”; „Еднаквост за сите”, беа дел од пораките што ги испратија учесниците на парадата.

 Поддршка за парадата изразија и политичките партии СИРИЗА и Движење на промена.

Парадата во Атина, од 2005 година традиционално се одржува секоја година во јуни, но овој пат, беше одложена поради пандемијата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Роналдо: „Олд трафорд“ отсекогаш бил магично место

Следно

Приведени четворица од шестмината Палестинци кои избегаа од израелски затвор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian