Новак Ѓоковиќ утринава се пласира во своето 31 грен слем финале со што се израмни со Рожер Федерер.
Но, Ѓоковиќ не слави пред време, во финалето го очекува дуел со Данил Медведев кого го победи во февруари во финалето на Австралија Опен. Као што истакна Новак, изјавата на Коби Брајант кога ЛА Лејкерс имаа водство од 2:0 во победи во финалната серија во 2009 година, му помага да остане фокусиран.
– Тоа е неговото познато интервју кога кажа: Зошто би бил среќен сега? Работата не е готова.
Коби беше некој на кого милиони спортсти и луѓе се угледуваа, тоа е ставот кој го имам и јас. Мотивацијата и возбудувањето се тука, можеби ги има повеќе од порано. Но, остана само уште еден меч – изјави Новак Ѓоковиќ по победата во полуфиналето над Александер Зверев во пет сета.