Околу 60.000 луѓе останаа без електрична енергија во Канада поради ураганот Лари

1 min read

 Околу 60.000 потрошувачи останаа без електрична енергија на источниот брег на канадскиот остров Њу Фаундленд поради ураганот Лари, објави телевизијата Си-Би-Си.

Според Националната метеоролошка служба на Канада, во саботата навечер, по локално време, налетите на ветрот на ураганот на некои места биле исклучително силни. Виорот собори стотици дрвја, патокази и билборди. Покривите на некои куќи беа одвеани. Некои од патиштата на островот во моментов се затворени поради поплави.

Нема информации за повредени.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арбен Шаќири: Со Пановски ќе направиме „чуда“ доколку ја добиеме довербата од граѓаните на локалните избори

Следно

ВИДЕО: Продолжува агонијата на Јувентус, Елмас и Наполи ја решија „старата дама“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian