Одбојкарите Русија и Полска се први четвртфиналисти на ЕП

1 min read

Одбојкарската репрезентација на Русија се пласира во четвртфиналето на Европското првенство откако во осминафиналето во четири сета и тоа со 22:25,25:16,25:22,25:22 ја совлада Украина.

Противник на Русија во борбата за пласман меѓу четирите најдобри репрезентации на ЕП ќе и биде домаќинот Полска која без никакви проблеми со 3:0 (25:16,25:16,25:14) ја совлада Финска.

Украинците во првиот сет успеаја да го изненадат фаворитот и да слават асо 22:25, додека во третиот имаа предност од 29:20, но Русите ја оправдаа улогата на голем фаворит и обезбедија пласман во четвртфиналето.

Најдобар во руската репрезентација беше Егор Клиука со 21 освбоен поен, додека Дмитри Волков имаше 14 поени.

Останатите осминафинални дуели кои ќе се играат утре и задутре се среќаваат: Франција – Чешка, Словенија – Хрватска, Холандија – Португалија, Србија – Турција, Италија – Летонија и Германија – Бугарија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Двајца кандидати за градоначалник и четири листи за советници во Општина Пласница

Следно

Повторно демонстрации во Франција против задолжителната вакцина и здравствената пропусница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian