Објавена исповед на Михаел Шумахер за инцидентот на Силверстоун: Чувствував како ми запира срцето

1 min read

На 15 септември „Нетфликс“ ќе го објави документарниот филм за Михаел Шумахер и во него еден од најдобрите Формула 1 возачи во историјата ги опишува моменти по излетувањето од патеката во Силверстоун и ударот во заштитната ограда.

Токму таа несреќа во1999 година го онезможи Шумахер да дојде до осмата шампионска титула.

Германецот кариерата ја заврши со седум титули, а спомената несреќа го спречи да дојде до нова титула. Имено, тогаш му откажа задната сопирачка на неговиот болид поради што излета од патеката, а повредата која ја здоби беше тешка, скршеница на ногата. Тоа што исто така е интересно е што поради оваа повреда Шумагер пропушти само шест трки, но притоа испадна од трката за титулата.

Токму во документарниот филм на „Нетфликс“ кој го опишува целиот живот и кариера во Формула 1 на Михаел Шумахер, гледачите ќе имаат можност и видео снимки на кои Германецот ја опишува повредата.

– Предниот пневматик го разби кок-питот и беше заглавен. Не можев да излезам, а се обидував да ја извлечам ногата кога ми беше заглавена. Лежев сам и сакам малку да се смирам. Но, тогаш одеднаш почувствуват како отчукувањата на срцето ми стануваат се поспори, се додека оддеднаш не престанаа. Е, тогаш помислив како изгледа кога одиш на оној свет – зборува Шумахер во документарниот филм.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пожарот кај Велес се уште активен, зафатени се 200 хектари нискостеблеста шума

Следно

Лицето што му удри шлаканица на Емануел Макрон излезе од затвор и тврди дека „не жали”

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian