Кралицата Елизабета со порака до Бајден: Моите мисли и молитви се за жртвите и преживеаните од нападите на 11 септември

1 min read

Британската кралица Елизабета денеска рече дека се моли за жртвите и преживеаните од нападите на САД на 11 септември и им оддаде почит на заедниците што се обединија во обновата по разорувањето.

„Моите мисли и молитви – и мислите на моето семејство и целата нација – остануваат со жртвите, преживеаните и погодените семејства, како и службите за итна помош и спасување повикани на должност”, истакна таа во пораката до американскиот претседател Џо Бајден.

Таа додава дека посетата на Светскиот трговски центар во 2010 година останала во нејзината меморија.

„Ме потсетува дека ние додека им оддаваме почит на луѓето од различна националност, религија и потекло што ги загубиле своите животи, исто така оддаваме почит на издржливоста и одлучноста на заедниците што се собраа за обновата”, нагласува кралицата Елизабета во пораката.

Во терористичкиот напад на 11 септември 2021 година два авиона го урнаа Светскиот трговски центар при што загинаа 2.753 луѓе, третиот се урна во Пентагон во Арлингтон, Вирџинија и четвртиот авион за кој се верува дека се упатил кон Капитол или Белата куќа се урна во Шенксвил, Пенсилванија.

Меѓу загинатите имаше и 67 британски државјани.

ВИДЕО | Џонсон: Нападите на 11 септември не успеаја да ги разделат нашите народи

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Последна порака на Бин Ладен: Мајко, ќе се случи нешто големо

Следно

Заев: Оставките се висок морален и етички чин, следуваат oдлуки за одговорност утврдени исклучиво според фактите од експертската истрага

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian