Клоп и Гвардиола на различни страни: Менаџерот на Сити нема ништо против СП да се игра на две години

2 mins read

Менаџерите на Манчестер сити и на Ливерпул, Пеп Гвардиола и Јирген Клоп имаат различно мислење кога станува збор за идејата на ФИФА, Светското првенство да се игра на секои две години.

ФИФА започна студија по предлогот на фудбалската федерација на Саудиска Арабија, да се промени календарот на натпреварување и Светското првенство да се игра на секои две години.

Но, УЕФА, КОНМЕБОЛ, голем број на фудбалски федерации како и клубовите не сакаат промени и се залагаат Мундијалот да се игра на четири години.

Еден од тренерите на кои им се допаѓа идејата Светското првенство да е игра почесто е Пеп Гвардиола.
– Нема потреба да се криминализира секоја идеја. Светското првенство само по себе е неверојатно. Како навивач уживам да гледам и доколку Мундијалот би се играл на секое две години, мислам дека тоа е добра идеја – изјави Гвардиола.

Процесот на консултации за евентуалната промена на календарот ја води поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер кој е шеф за глобален развој на фудбалот во ФИФА.

Но, еден од големите противници на ваквата идеја на ФИФА е менаџерот на Ливепрул, Јирген Клоп кој смета дека во треката по пари, заборавија на фудбалерите.
– Не постои ниту еден друг спорт на светот кој има толку збиен календар. Сите знаеме зошто се случува ова. Сто и да кажат тие кое се заговорници на оваа идеја, дека на овој начин им се дава можност на повеќе држави, на крајот се се сведува само за парите. Тоа е во ред, но во еден момент некој мора да сфати дека без фудбалерите како најважни актери во оваа игра нема да можеме да играме – смета Клоп.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Запленети 1,5 тони кокаин кај Плимут, уапсени шест лица

Следно

Директорите на сите ЈЗУ со писмо до Заев: Не ја прифаќаме оставката на Филипче

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian