Кевин Принц Боатенг јавно се откажа од својот брат насилник Жером

1 min read

Германскиот репрезентативец Жером Боатенг е казнет од судот во Минхен со 1.8 милиони евра откако беше утврдено дека ја удрил девојката со која има две деца, и тоа не е негов прв инцидент.

Жером и претходно имаше проблеми со законот и германските медиуми шпекулираат дека Баерн Минхен поради тоа го пушти фудбалерот да замине во Олимпик Лион, а сега „низ вода“ го пушти и неговиот роден брат Кевин-Принц Боатенг. Германски „Билд“ го повика Кевин-Принц да ја прокоментира судската пресуда за неговиот брат, а постариот од браќата Боатенг јасно порача дека повеќе не го интересира Жером.

– Веќе подолго време сум оддалечен од Жерон. Ги почитувам германските закони, го презирам насилството над жените и не сакам да имам никакви врски со мојот брат. Повеќе немам ништо со него – порача Кевин-Принц Боатенг кој од оваа сезона настапува за Херта Берлин.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Здружение на лекари специјализанти: Се надеваме дека ќе продолжи соработката со министерот Филипче

Следно

Со минута молчење во САД почна одбележувањето на две децении од терористичкиот напад

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian